Дас Ерсте: Армијата на Путин се уште е слаба за да нападне земја на НАТО – најголемиот страв е таа да не остане во Белорусија

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Русија и Белорусија започнаа заеднички воени вежби наречени “Западот”. Во нив има над 12.000 војници, 200 тенкови и 10 бродови. Западот се загрижи за вежбите.

Руските и белоруските војници, исто така, ќе се обучуваат долж границите на земјите-членки на НАТО – Полска, Литванија, Латвија и Естонија.

На темата зошто токму сега се одржуваат овие вежби коментира дописникот од Москва Удо Лилишкис, која работи за германската телевизија Das Erste. Во изминатите години Владимир Путин потроши многу, многу пари за модернизација на својата армија и тоа е нормална последица, бидејќи војниците сакаат да проверат дали сето тоа работи и соидејствува како што треба.

Втората причина се претстојните претседателски избори, кои треба да се одржат во март следната година. Русија се соочува со навистина тешка економска криза, незадоволството на луѓето расте, посочува Лиликсик.

Во економската област Кремљ не може да собере поени, затоа како алтернатива со задоволство се покажува дека Русија повторно е воено најспособна, силна, модерна воена држава.

Покрај тоа, многу руски војници навистина може да доживеат вистинско чувство за закана. Со овие вежби јасно се укажува: “Ние всушност сме воено најспособна, можеме веднаш да се заштитиме од напади, кои сега се имитираат.”

Меѓутоа, овие воени вежби предизвикуваат голема загриженост во НАТО, вели новинарот. Таков е, на пример, стравот дека руската армија може да остане во Белорусија.

Земјите од Балтикот се крајно загрижени од толку многубројни војска на нивните граници, но повеќето експерти, според Лилишкис, реагираат смирено. Тие уверуваат дека никој не може да замисли директен напад врз земја на НАТО. Затоа што армијата на Путин се уште е слаба.