Хонда има намера да воведе електрична технологија во три четвртини од своите нови автомобили до 2030 година, а целта за Европа е да биде реалност уште во 2025 година, бидејќи интересот е навистина огромен. “Тука, во Европа, овој тренд е посилен од било кое друго место”, рече Хачиго-сан, истакнувајќи дека стариот континент ќе стане место на светската премиера на следната фаза од електричната стратегија на Хонда.

Urban EV Concept е изграден на сосема нова платформа и ја демонстрира насоката која технологијата и дизајнот ќе ги опфати во иднината на моделот Honda Serial Electric. Компактната големина на моделот е изразена во должина од 100 mm помала од “supermini”.
Амблемот на Хонда на овој концепт е син. Со таков бренд ќе ги обележат своите идни електрични модели. Во предниот дел на автомобилот, на дисплеј меѓу светлата ќе можат да се пуштаат интерактивни пораки на различни јазици, вклучувајќи честитки, совети кон другите возачи, или последните податоци за наполнетоста на батериите на електричниот автомобил.
Почнувајќи од 2018 година, продажбата на хибридната CR-V ќе започне
во Европа. Двојниот мотор i-MMD (Интелигентен мулти-мотор) не бара конвенционален пренос.