Во Рим, откриле коски наводно од Свети Петар

од desk3
143 прегледи

Претходно во текот на изминатата недела работници вршеле рутинска реставрација во 1000-годишната црква “Санта Марија Маджоре” во Рим, кога откриле глинени садови со латински натписи однадвор и коскени фрагменти внатре, пишува британското издание Телегарф. Коските се откриени во складиште под мермерна плоча во близина на средновековниот олтар на црквата – дел од храмот, затворена за посетители пред цели 35 години поради структурни проблеми.

Глинените садови ги носат имињата на три очевици и четворицата маченици – светци кои претрпеле и го дадоа својот живот во името на Христос. Ова укажува на тоа дека коските може да бидат моштите на важните христијански фигури.

Меѓу имињата е и името на Св. Петар -една од најважните личности во христијанската историја. Според христијанската доктрина, тој е еден од дванаесетте апостоли на Исус. Тој, исто така, се верува дека е првиот епископ Антиохиски, основач и водач на комуната, и првиот Римски папа, каде што бил убиен како маченик.

” Откриле два сада од глина, напишани со имињата на  Петар, Феликс, Калик и Корнелиј. Јас не сум археолог, но веднаш сфатив дека садовите се многу стари. Гледајќи ги нив, толку многу емоции ми се втурнаа “, вели црковниот повереник на Санта Марија Маџоре, Масимилиано Флоридис.