Милиони литри пиво се леат на Октоберфест во Минхен

од desk3
88 прегледи

Познатиот октоберфест фестивал за пиво почна денеска во Минхен по 184-ти пат. По традиција точно на пладне градоначалникот на баварската престолнина Дитер Раитер го отвори чепот  на првото буре со посебен чекан и зборовите “О’цапфт ИС” ( “отворено е”), означувајќи го почеток на прославата. Премиерот на Баварија Хорст Зеехофер традиционално ја доби првата кригла пиво. Забележително е дека Раитер го отвори бурето со само два удари на чеканот.

Бројот на ударите секоја година е тема на  дискусии на Октоберфест. Најдобариот резултат досега  го држи  поранешниот градоначалник Кристијан Уде, кој со години успеваше да се справи со задачата исто така само со два удари, најлошиот – на Томас Вимер, кој во далечната 1950 година имаше потреба од цели 19 удари.

Неколку часа пред отворањето пред главниот влез на фестивалот се изви долга опашка од луѓе. Се сладеа со кафе и други топли пијалаци, најистакнатите обожаватели на пивото уште во текот на ноќта се појавија во реонот Терезиенвиизе каде се павилјоните на пиварницата. Многумина од нив, вклучувајќи и странци дојдоа во баварската носија- жените во шарени фустани со престилки (дирндл), мажите – во кожени панталони (ледерхозен).

Оваа година Октоберфест поминува под засилени мерки за безбедност- на Терезиенвиизе е забрането да се внесуваат големи торби и ранци, контролата на влезовите е засилена . Редот се обезбедува со 650 полицајци или 200 повеќе од минатата година. Дополнителни безбедносни мерки, исто така, влијаеја на цените, вклучувајќи го и пивото.

Октоберфест е и значителен извор на приходи, како и секоја година гостите трошат над 1 милијарда евра за пиво, закуски и сувенири, хотели и такси. Бројот на посетителите обично надминува 6 милиони луѓе.  Рекордот е поставен во 1985 година – 7,1 милиони, објавува ДПА. Поради лошото време и стравот од терористички напади минатата година тие беа само 5,6 милиони. Сепак тие испиле 6,6 милиони литри пиво, изеле се 367 000 печени пилиња 116 вола и 58 телиња, меѓу 28 тони печени бадеми.

Октоберфест обезбедува работа за околу 8.000 постојани вработени и 5000 дополнителни работници.