Додека пристигнуваните исцрпени мигранти на медитеранскиот брег се вообичаени, таквиот поглед на брегот на Црното Море е невообичаен. Но неодамна, неколку миграциски групи пристигнаа од Турција, а тоа значи дека “романскиот пат” би можел да се појави и во Западна Европа.
Непосредно пред зори во средата (13-ти септември) околу 150 лица, една третина од нив беа спасени во Црното Море. Од средината на август, ова е петтиот мигрнтски брод кој стигна до романскиот брег.
Пристигнувањето на 570 Ирачани, Сиријци, Авганистанци, Иранци и Пакистанци за помалку од еден месец е многу помалку од медитеранскиот миграциски проток.
Еврочленката Романија не е дел од Шенген зоната и досега во голема мера го избегнуваше миграцискиот прилив забележан по други места на континентот во изминатите неколку години. Најновите случувања внимателно се набљудувани во земјата.
“Тоа изгледа значи дека шверцерите се обидуваат да најдат рутаа преку Црното Море”, изјави за АФП Кшиштоф Боровски, портпарол на Frontex, европската служба за гранична стража.
Шверцерите бараат богатите имигранти кои можат да ја платат таксата за нов пат, по застојот во Грција, каде пристигнуваат и ризикуваат да бидат депортирани по договор меѓу ЕУ и Анкара, објасни Мирчеа Мокану, шеф на романскиот гранка на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Романија.
Потегот меѓу Турција и Романија би можел да чини помеѓу 1.000 и 3.000 евра, додаде тој.
Сепак, тој се сомнева дека ќе има прилив на чамци во студените месеци: “Десет пати е потешко да се премине Црното Море од Средоземното Море. Ова е Црното Море, и не поради бојата туку поради опасноста од бури. Пред брод да влезе во пристаништето, таа може да го преврти неколку пати “, рече полицискиот комесар Габриел Черчез, кој учествуваше во спасувањето на мигрантите во средата.
Мигрантите велат дека се подготвени за сè за да продолжат, но постојат пречки пред тоа. Во Темишвар, во близина на границата со Унгарија, стотици бегалци ја чекаат можноста за преминување на границата. Директниот премин од Србија во Унгарија стана невозможен поради оградата со бодликава жица подигната помеѓу двете страни. Но романско-унгарската граница останува отворена. Според романската погранична полиција, повеќе од 1.200 луѓе, кои се обиделе да ја преминат
западната граница, се уапсени од почетокот на годината. Додека во текот на целата 2016 година, нивниот број изнесуваше 900 луѓе. Според ИОМ, 80 отсто од обидите да ја преминат границата не успеваат. / АФП
104