Не поминаа ни две недели од севернокорејскиот тест на хидрогенска бомба, а Ким Џонг Ун повторно испали балистичка ракета над Јапонија.

Во август, друга ракета прелета преку Јапонија пред да заврши во морето, а стручњаците тврдат дека новата ракета летата на поголема височина и подалеку од претходната – патувајќи повеќе од 3.700 км со брзина од 770 км/ч. Јужна Кореја веднаш одговори со испалување ракети во море, додека јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека нема да толерираат такви провокации.
Американскиот ржавен секретар, Рекс Тилерсон, силно го осуди лансирањето ракети.
Тпа е 15 пат оваа година Северна Кореја да тестира оружја за масовно уништување, а во оваа напната ситуација тешко е да не се мисли на можни последици.
Ако се случи трета светска војна постои планиран говор што кралицата Елизабета ќе го чита пред граѓаните на Велика Британија. ГОворот првобитно е напишан 1983 година за време на Студената војна, 2013 е откриен во Националнте архиви, а го пренесува BBC.
Одредени аспекти на говорот се застарени, но стручњаците од протокол велат дека дефинитивно би послужил како основа за обраќање на кралицата во јавност во такви хаотични околности.
Пишуван е за потенцијално емитување за петок попладне на 4 март 1983 година, а кралицата го почнува со сеќавање на тагата која ја почувствувала кога почнала Втората светска војна.
Еве го говорот на кралицата:
„Сега ова лудило на војната повторно се шири низ светот и нашата храбра земја мора уште еднаш да се подготви за преживување, покрај сите потешкотии пред нас. Никогаш не ја заборавив тагата и гордоста што ги чувствувавме со мојата сестра кога го слушавме нашиот татко и неговите инспиративни зборови оној кобен ден 1939 година.
НИ еден момент не можев да замислам дека и мене еден ден ќе ми се падне таа страшна должност. Меѓутоа, кога страшни работи ќе се најдат пред нас, сите врлини кои ни помогнаа да ја одржиме својата слобода веќе два пати во овој век, уште еднаш ќе бидат наша сила. Мојот сопруг и јас ги делиме со вас стравувањата за вашите ќерки и синови, сопрузи, браќа кои ќе не напуштат за да и служат на нашата земја.
Токму силната семејна врска мора да биде најголема одбрана од непознатото. Ако ние останеме обединети и одлучни, давајќи им засолниште на оние кои се сами и незаштитени, волјата на нашата земја да преживее нема да може да биде скршена.
И додека заедно се бориме против новото зло, да се помолиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да се тие. Нека ве благослови Бог сите.