151
Шведските научници соопштиле дека со ДНК тест на костур во една раскошна гробници на Викинзи во Шведска утврдиле дека тоа се остатоци од жена стара околу триесет години. Во гробницата биле пронајдени меч и друго оружје, оклоп и скелети од коњи.Научниците посочиле дека тоа е прва потврда дека една жена била високо рангиран нордиски воин.
Иако експертите долго претпоставувале дека тоа се коски од жена, таква замисла е отфрлена и покрај претходните научни студии кои наведуваат дека постоеле нордиски воинки. Скелетот на воинката пронајден е кон крајот на 19 век, на цртежот е представен распоредот на предметите и скелетот кога се откриени. Шведските научници користел метод на анализа на генетски материјал на косур стар околу 1.000 години од ерата на Викинзите на локалцијата Бирк кај Стокхолм. Научници од Универзитетот Упсала Шарлот Хеденстерн – Џонсон изјавиле дека резултатите од ДНК анализата утврдиле дека во гробницата сигурно е жена. Викинг е термин кој вообичаено се користи за воини, трговци и гусари. Се населиле во Европа, Азија, Блискиот исток како и во дел на Африка, кон крајот на осмиот до средината на 11 век.