Татко и син загинаа од струен удар во село Сушица

од desk2
189 прегледи

Во саботата вечерта, татко се туширал и поради неисправна електрична инсталација добил струен удар. Синот сакајќи да му помогне, добил и тој струен удар, при што двајцата починале.


Како што соопшти полицијата, во саботата во 21 часот во село 0Сушица-Општина Ново Село, И.П. (54), додека се туширал во купатилото, од неисправна електричната инсталација добил струен удар и починал на самото место.

Откако тоа го забележал неговиот син М.П.(30), сакајќи да му помогне на својот татко и тој добил струен удар и починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и од ЕВН.