Хрватски научник дава црна прогноза: Сушите и ураганите повеќе не можат да се запрат, ќе ни пристигнат нови агресивни риби и комарци

од desk3
102 прегледи

Еден од омилените хрватски научници и професор на Природо – математичкиот факултет во Загреб Бранко Грисогоно, даде најцрни прогнози за животот на овие простори, по повод глобалните климатски промени на кои сме сведоци. Тоа се урагани, катастрофални суши, поплави, земјотреси, алармантното топење на ледот на земјините ладни полови, драматично зголемување на температурата, опасните агресивни риби и комарци… Тој објаснува дека на територијата на Далмација нема повеќе да се одгледуваат одредени сорти на грозје, зелка и компир во Лика. 

 

– Тоа повеќе најверојатно не може да се запре. Јуриме во сопствена пропаст. Јаглеродниот диоксид и останатите плинови веќе се депонирани во океаните и атмосферата, како и топлината која се повеќе и подлабоко се спушта во слоевите на океаните.

Топењето, сега во океаните се гледа на 600 до 700 метри длабочина а не само на 200 метри како што беше пред 20 години објасни професорот.

 

Според неговите сфаќања, колку температурата на морињата е потопла, толку поголема е веројатноста за екстремни појави, како што се ураганите.

Тие се хранат од термалната неравнотежа меѓу океанот и долната атмосфера.

 

Ќе дојдат агресивни риби

 

– Може да се избегне експоненцијалниот раст на температурата ако го смалиме корстењето на фосилните горива и да употребуваме електрична и сончева енергија – тврди Грисогоно. Меѓутоа уверен е дека малкумина така размислуваат, а според него не помагаат ниту политичарите кои одвојуваат многу малку пари за истражувања.

– Во Јадранското море ќе дојдат агресивни риби кои ќе бидат опасност, а маликот Плавец нема го има во јужна Далмација бидејќи ќе му биде жешко, наведува професорот и додава дека зелката и компирот во Лика и Далмација нема да се произведуваат, но затоа пак вели тој во Лика за 30 години би можело да има добар ризлинг. А сето тоа доколку глобалната температура се зголеми за 4,8 степени, наместо само за 2 што би можело да бите прифаливо и би можело со тоа да се справиме.

Нивото на морето ќе се подигне

Тука е и доаѓањето на новите видови на комарци, буби, пеперутки и птици, додека некои наши домашни видови на птици ќе се селат се повеќе на север. Посеверно би можело да се пресели и вегетацијта. За тоа треба многу години, но е можно, вели професорот и нагласува дека ќе се подигне нивото на морето. -Пресметките покажуваат дека нивото на морето кај нес до крајот на столетието би можело да се потигне за 20-на сантиметри. Ќе не спасат високите крајбрежја но, на штрек треба да бидат нокои од островите кои имаат пониски крајбрежја и западна Истра. Оваа поплава која беше во Нин лесно би можела да се повтори. Уверен е дека метеоролошките радари можат многу да помогнат во предвидувањето на секоја поплава на Јадранот.