ВМРО-ДПМНЕ: Заев пушта на слобода криминалци пред локалните избори

од Vladimir Zorba
107 прегледи

„Заев пушта на слобода криминалци во пресрет на локалните избори. Со ова Владата на СДС станува синоним за бандитизам и криминал. СДС се става на страната и во заштита на криминалот.

Овие луѓе со кривични дела зад себе ќе бидат ставени во функција во изборниот период. Заев знае дека ќе загуби и сега се ориентира кон недемократски методи кои значат корупција и рушење на демократскиот амбиент за избори.

SWOT анализата на СДС која излезе во јавност јасно покажа дека силна страна е злоупотребата на МВР во функција на локалните избори. Значи ја имаат МВР, а сега и криминалците како Красниќи и Сејдиу кои се на слобода.

Ослободувањето на осудени криминалци, е со цел да се вклучат во изборниот процес и преку недемократски средства да ја извлечат СДС од изборниот пораз кој им следи.

Дополнително вчера соопштија дека ќе донесат одлука за амнестија за осудениците. Одлуката на владата на СДС за носење на амнестија е неиздржана, и дневно политичка. Заев иако ветува, нема да донесе амнестија пред изборите, но на овој начин сака да ги излаже и затворениците да гласаат за нив на изборите. Ова се вика и изборна корупција. Ваквите дворско криминално коруптивни игри нема да им успеат. Тие ќе бидат казнети од граѓаните на изборите на 15-ти октомври“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини