Рахој ги предупреди лидерите на Каталонија

од desk2
94 прегледи

Шпанскиот премиер Маријано Рахој синоќа ги предупреди лидерите на автономниот регион Каталонија дека можат да избегнат поголеми штети ако се откажат од најавениот референдум за независност која централната власт во Мадрид го смета за незаконски.

Рахој изјави дека одржувањето на референдумот, планиран за 1 октомври би било кршење на Уставот на Шпанија и „тоталитарен чин“.

„Ако ви е до спокојството на повоќето Каталонци, откажете се од ескалација на радикализмот и непослушноста. Се уште имате време да избегнете поголеми штети“, рече Рахој.

До ова дојде откако илјадници луѓе останаа на улиците на Барселона да протестираат поради напорите на шпанската влада да го спречи референдумот. Полицијата претходно приведе 12 претставници на каталонската влада и заплени 10 милиони гласачки ливчиња./RSE