Mинистерството за внатрешни работи соопшти дека денеска го привела лицето И.Ј. (47) од Куманово, за учество во настаните што се случија на 27 април во Собранието на Република Македонија.

– На 21 септември 2017 година од страна на овластени службени лица при Секторот за внатрешни работи Куманово по претходна наредба од 16 мај 2017 година на Основно Јавно Обвинителство Скопје во врска со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија е приведено лицето И.Ј. (47) од Куманово поради основано сомневање за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ казниво по чл.384 ст.1 од КЗ на РМ, се вели во соопштението од МВР.