
Околу 2020 година Кина ќе испрати своја вселенска мисија до Марс и се надева дека десет години подоцна ќе добие повеќе карпести примероци од планетата, пишува Чајна дејли”, цитиран од светските медиуми.
Според зборовите на главниот инженер на мисијата Чан Жунцјао, Кина планира да стане првата земја која ќе испрати летало со фунцкија за компатибилна орбиталата дејност од каде на површината на Марс ќе се врати со примероци на Земјата. Во кинескиот проект се работи на три главни насоки – вселенски апарат, пловен модул и марсоход.
Мисијата ќе вклучува 13 истражувачки капацитети, од кои 7 се за орбиталниот апарат и 6 за Марс. Орбиталниот апарат ќе се собира податоци за атмосферата на Марс, електромагнетното поле и температурата на Црвената планета, како и други корисни информации.
Марсоходот со тежина околу 200 килограми ќе ја истражува површината на планетата и ќе ја тестира опремата што за следната мисија ќе биде искористено за собирање на почвени и карпести примероци и за подоцна нивно испраќање на Земјата.
Според зборовите на научникот, Кина планира до 2020 година да оствари слетување на беспилотен апарат на Месечината во рамките на програмата “ченал – 4”.
Кинеската вселенска програма освен тоа предвидува истражување на астероиди и други вселенски тела за собирање на податоци за потеклото на универзумот и пребарување на вонземски живот. Чан Жунцјао истакна дека Кина планира да упати една мисија кон Јупитер и тоа во 2036 година и друга кон Уран во 2046 година .
Според него, бидејќи овие планети се многу оддалечени од Сонцето, потребата за слични летови светлосната енергија ќе е недоволна. Современите мотори пак се несоодветни за постигнување на поставената цел – долгото чување на горивото води до загуба на првичните својства, бидејќи вселенската средина понекогаш може да е поагресивна од земјината.