Иран успешно ја тестираше новата балистичка ракета Хорамшахр со дострел од 2000 километри и со способност да носи неколку конвенционални боеви глави, со што може да погоди неколку цели истовремено, јавија западните агенции, повикувајќи се на Иранската државна телевизија.
![](https://lokalno.mk/wp-content/uploads/2017/09/raketa-2.jpg)
Новата ракета беше прикажана вчера, за време на воена парада во иранската престолнина Техеран. Кога точно се случила пробата не е соопштено, а државната телевизија покажа само кадри од тестирањето. Потоа, беа покажани и снимки од внатрешноста на ракетата.
Веста за ракетното тестирање доаѓа во тензичен момент меѓу Иран и САД во врска со иранската нуклеарна договор, која е остро критикувана од американскиот претседател Доналд Трамп.
Иран веќе поседува две ракети – Гадр-Ф и Сеџил кои имаат дострел од 2000 километри и се способни да го погодат Израел, но исто така, можат да стигнат и до американските бази во регионот
Обединетите Арапски Емирати во петокот објавија дека Иран ги крши и “писмото и духот” на нуклеарната спогодба договорена помеѓу Исламската Република и светските сили.