(ФОТО) Фустанот на Меланија го разбесне светот! Зборуваше за гладни деца во ОН а облече креација од 3.000 долари!

од desk3
136 прегледи
Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп го имаше својот прв говор во Обединетите нации и за оваа важна пригода одбра гламурозна комбинација. Првата дама својата доверба овојпат му ја укажа на брендот Делпозо, па го облече нивниот капут-фустан во розева боја.  
Некогашната манекенка светеше во неонска волнена креација која се состои од волуменизирани ракави и каиш кој и го нагласи нејзиниот тенок струк. Иако никој не може да и го оспори одличниот моден вкус, јавноста сепак остана револтирана поради фактот што убавата Словенка носела креација од 3.000 долари, додека во исто време зборуваше за гладните деца во светот.

– Ниту едно дете не смее да биде гладно, уплакано, тероризирано, малтретирано, изолирано и да нема каде да се скрие. Секое дете треба да го научиме на вредностите на емпатија, љубезност, внимание, интегритет и лидерство, кои можат да им се објаснат само со личен пример, истакна првата дама на САД.