Американски претседателот Доналд Трумп потпиша нова уредба за забрана за влез во САД која се однесува на државјаните на Северна Кореја и Венцуела, соопшти администрацијата на Трамп.
Новите ограничувања стапуваат на сила на 18 октомври и ќе ги занемат досегашните кои истекоа вчера. Забраната, покрај на Северна Кореја и Венецуела се однесува на Иран, Чад, Либија, Сирија, Јемен и Сомалија, за кои е воведена забрана во јуни годинава.
Со воведување на забраната за влез за државјаните на Северна Кореја и Венецуела листата се проширува на немуслимански земји.
„Северна Кореја не соработува со владата на САД и не ги исполнува барањата за размена на информации“, се вели во соопштението од Вашингтон.
Се наведува и сека новите рестрикции „се важен чекот кон стварање имиграциски систем кој ќе ја штити сигурноста на Американците во време на опасен тероризам и тренаснационален криминал“.
„Ние не можеме себеси да си допуштиме да продолжиме со пропаднатата политика од минатото, која претставува неприфатлива опасност по нашата земја“, рече Трамп преку соопштението издаденов о недела вечер од Белата куќа.
Со новите забрани, повеќето се однесуваат на патувањакои потполно се забранети, додека другите патници ќе мора да поминат построги проверки.
Така, на сите државјани на Северна Кореја им е забранет влез во САД потполно, додека на студентите од Иран ќе им биде дозволен влез со построги критериуми.
До сега издадените зелени карти, пасоши и визи нема да бидат поништени.