СДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работеле неодговорно, расипнички и спротивно на интересите на граѓаните

од Vladimir Zorba
81 прегледи

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку лажни вести и празни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ не може го спречи откривањето на криминалот во нивните редови што освен на централно, очигледно се случувал и на локално ниво.

Фактите покажуваат дека сè повеќе крадоначалници од ВМРО-ДПМНЕ успешно го следеле примерот на нивниот шеф Никола Груевки и работеле неодговорно, расипнички и спротивно на интересите на граѓаните.

Токму поради таквиот однос кон граѓаните, Груевски беше казнет и денес е во опозиција. Граѓаните ќе ги казнат крадоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат нови одговорни локални власти предводени од СДСМ со што ќе стават крај на криминалната ера на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво“ се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини