Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги повика ресенчани на локалните избори што ќе се оджат на 15 октомври да го заокружат бројот 19.
-Во декември, заедно со вас ја насочивме Македонија да зачекори на вистинскиот пат кон промените. А од овој град станува јасно дека на 15 октомври заедно ќе ги заокружуваме промените што носат живот во Македонија за сите. Ви благодарам соборци што сте со мене додека не го вратиме сјајот во Ресен и сјајот во цела Македонија, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на централниот караван на СДСМ во изборната кампања за локалните избори
Од вас повторно ја барам поддршката, за да живееме подобро и подостоинствено, таму каде што сме родени, каде што учат нашите деца, каде што работиме. Во современи општини, во нашата Република Македонија“ рече претседателот на СДСМ, Заев.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговори на најавите за наводна нова ера, што е мото на кампањата што ја водат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на СДСМ рече дека новата ера е дојдена од 31 мај кога заврши стравот, дојде слободата, а доаѓаат и правдата и живот за сите. За живот во Ресен и Преспа за сите, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, повика граѓаните да го заокружат бројот 19 на локалните избори на 15 октомври.
–