Денес, 26 септември, вторник,по четврт пат, ќе се оддржи СеавусCodeTalks во Скопје. Настанот ќе се оддржи во СитиХол, со почеток во 18 часот, а влезот е слободен. 
Оваа година тема на настанот ќе биде „Вештачка интелигеницја“, а ќе зборуваат двајца експерти од Сеавус.
“From bit to Artilect” е тематанакојаќезборуваАлександарРазмовски,Senior Business Intelligence Analyst.“Способност за учење, разбирање или снаоѓање во нови или непознати ситуации или причини, потреби и последици од појавата на новата интелигенција,“ е краткото сиже на она што за што денес ќе зборува Александар.
Втора тема ќе биде„Вештачка интелигенција – технологија – каде сме денес“, накојаќезборува Милан Стојковиќ, софтверски инженер. „Ќе зборувам за концептот на ВИ асистент. Односно, како со комбинација на модерни техники ВИ асистентот може да се справи со документирање на состаноци“, изјави Милан.
После презентациите ќе има панел и дискусија на која ќе учествуваат повеќе експерти до Сеавус.
Присуството на настанот може да го пријавите на следниов линк.