Новата серија на продуцентот и режисер Драган Бјелогрлиќ “Сенки над Балкант” представена е на публиката кај нас на 38. Меѓународен филмски фестивал “Браќа Манаки”.
Многубројната публика, како и големиот број на филмски уметници кои традиционално се собираат во Битола, имаа прилика премиерно да ја видат првата пилот епизода на серојалот кој ќе се емитува и на македонската телевизија.
Филмските средби “Браќа Манаки” по Сараево и Ниш се трет фестивал кој во својата програма го стави представувањето на “Сенки над Балканот”, каде е покажан голeм интерес за првата сезона од ова остварување кое го потпишува Драган Бјелогрлиќ.
Дејствието на овој драмски трилер е сместен во бурниот пероид кон крајот на дваесеттите година на минатиот век, на Балканот на кој се вкрстува високата политика, локалните интереси, големиот капитал, но и криминалот. Почетокот на телевизиското емитување е закажан за крајот на октомври и ќе биде паралелно прикажуван на националните телевизии во Србија, Македонија, БиХ, Словенија, Црна Гора, како и во Руската Федерација.

Освен Бјелогрлиќ кој ја игра главната улога во “Сенки над Балканот” ќе ги гледаме и Андреј Кузмановиќ, Гордана Кичиќ, Жарко Лаушевиќ, Марија Бергам но и меѓународната поставка која ја чинат славните руски глумци Александар Галибин и Андреј Зибров, како и на овдешната публика добро познатите Горан Богдан, Бојан Навојец, Тони Михајловски и Петар Арсовски. Сценариото за оваа серија, според филмската приказна на Стеван Копривица, ја напишаа Даница Пајовиќ, Дејан Стоиљковиќ, Владимир Кецмановиќ и Драган Бјелогрлиќ, а музиката и овојпат ја потпишува Мањифико.