
Американскиот рок бенд Аеросмит ги откажа последните четири концерти од својата светска турнеја поради болест на пејачот. Стивен Тајлер се чувствуваше лошо и беше принуден да побара лекарска помош. Тој е советуван да се воздржи од патување и настапи.

Откажаните се концертите во Бразил, Аргентина, Чиле и Мексико. Самиот Тајлер им кажал на своите фанови дека неговите здравствени проблеми не се опасни за неговиот живот, но мора да се одмори.