(ВИДЕО) Руската војска објави снимки од ликвидирањето на влијателните команданти на ИД во Сирија

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Руското Министерство за одбрана објави снимки од воените удари на авионите на ВКС во сириската провинција Идлиб, а кои нападнале цели на ИД. Како резултат на тоа биле ликвидирани петмина влијателни команданти на терористите. Се забележува дека за нападот на терористите биле ангажирани руските воени полицајци во провинцијата Хама, а бил активиран и мултилатералниот систем за разузнавање на руското министерство во Сирија. Ова го изјави портпаролот на одделот Игор Конашенков. Војската добила разузнавачки информации каде и кога ќе има средба меѓу командантите на терористите. Тие биле погодени од ракетен удар. Како резултат на тоа се ликвидирани пет теренски команданти, 32 терористи, складиште со муниција, а исто така и шест возила со зголемена проодност со вооружување.