ДУИ: Давутоглу го смета Ахмети за клучен фактор за стабилноста во Македонија

од desk2
116 прегледи

Поранешниот турски премиер, Ахмет Давутоглу, на денешната средба со претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Скопје, рекол дека Ахмети е клучен фактор за стабилноста на Македонија и на регионот, земајќи предвид дека Албанците живеат во шест држави низ регионот и се главна оска на стабилноста на Балканот, соопшти ДУИ.

Претседателот на партијата на средбата со Давутоглу, кој е актуелен пратеник во турското Собрание, зборувал за заложбите на ДУИ за политичката стабилност на земјата, добрите меѓуетнички односи, добрососедството, интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, стои во соопштението од ДУИ.

Давутоглу пристигна во работна посета на Македонија вчера и беше пречекан од министерот за странски инвестиции, Аднан Ќахил.

Денеска треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средба и со министерот Ќахил.

Во рамки на тридневната посета на Македонија, Давутоглу утре ќе се обрати на панел-дискусијата „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција