НАТО состанок

од desk3
380 прегледи

После сцените на политичко и физичко насилство кое ја тресеше Македонија со години, НАТО Алијансата е презадоволна со напредокот кој е направен во последните месеци, вели заменик генералниот секретар на Алијансата Роуз Готемелер, која ги прими министрите Шеќеринска и Димитров.

„Повеќето НАТО Членки и меѓународната заедница беа исплашени од сцените на насилство во парламентот минатиот Април. Го поздравуваме големиот напредок кој е направен од тогаш. Знаеме дека имате амбициозна реформска агенда, разбираме дека за напредокот ќе треба време, но исто така знаеме дека реформите ќе бидат од корист на вашата земја на патот кон НАТО.“ – изјави Роуз Готемелер, Заменик генерален секретар на НАТО.

Македонските представници во Брисел го презентирале последниот акционен план за членство во НАТО на Македонија, но ја презентирале и новата национална одбранбена стратегија.

„Ги информиравме нашите сојузници дека владата реши да ги зголеми трошоците за одбрана, почнувајќи од 2018, и продолжувајќи во 2019 со 0,2 проценти од БДП, и така сакаме да ги исполниме критериумите за членство во НАТО. Владата исто така реши да го зголеми учеството во мисијата на НАТО „Одлучна подршка“ за 20 %.„ – изјави Радмила Шеќеринска, министер за одбрана.

„Нашата нова надворешна политика е во насока на решавање а не на креирање на проблеми, горди сме што со нашиот источен сосед и членка на НАТО Бугарија во Август потпишавме декларација за пријателство, и сакаме целиот регион да го туркаме во позитивна насока.“ – изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Поранешниот командант на Алијансата, Адмиралот Џејмс Ставридис пак во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека Македонија е следна држава којашто ќе влезе во НАТО. Ставридис се надева дека Грција ќе биде во состојба да најде решение за проблемот на името и тоа би бил и следен чекор кон обединување и јакнење на Балканот./24Вести

Слични содржини