Властите на државата Вануату, поради активност на вулканот Манаро, наредија потполна евакуација на островот Амбае, пренесоа локалните медиуми.

Манаро во текот на минатиор викенд почна да исфрла пепел, по што властите извршија евакуација на 6.000 луѓе, кои се пренесени во засолништа на островот.
Се очекува сите 11.000 жители да бидат евакуирани од островот до следниот петок.
Вулканот ќе почне да исфрла камења и вулкански гас, како и кисел дожд и пепел.
Директорот на Агенцијата за управување во случај на природни катастрофи Шандрак Велегтабит рече дека поради вулканската активност предупредувањето е на највисок степен и се очекува тотоална ерупција на вулканот, пренесе BBC.
Радио Нов Зеланд пренесе дека жителите најверојатно ќе бидат префрлени на соседниот остров Пантекост.