ОЈО – Гостивар го расветлува нападот во Кичево

од desk2
88 прегледи

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар извршил увид во центарот на Кичево, на местото каде вчеравечер, се случи вооружен инцидент во кој се ранети три лица.

Според првичните сознанија до инцидентот дошло кога лицето А.А од зад грб испукало неколку куршуми од пиштол кон А.А и А.Д. При нападот со лесни телесни повреди во пределот на потколеница се здобил и случаен минувач. Поради сериозноста на повредите А.А и А.Д се пренесени на лекување во скопските клиники.

При увидот јавниот обвинител издаде наредби за собирање на траги од лице место, за вештачење, фотографирање и скицирање на местото на настанот.

Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство – Гостивар до судија на претходна постапка при Основниот суд – Гостивар ќе достави Предлог за определување на мерка – притвор за сторителот.

Слични содржини