Хаос на аеродромите ширум светот: Патници во Лондон, Париз, Цирих чекаат во редици

од desk2
65 прегледи

Неколку големи аеродроми ширум светот од утрово се во комплетен хаос откако компјутерските системи за пријавување потполно откажале.

Пријавени се големи метежи на лондонски „Гетвик“, париски „Шарл де Гол“, „Роналд Реган“ во Вашингтон, „Чанги“ во Сингапур, Јуханесбург, Цирих…

Стотици луѓе чекаат да се чекираата, но тоа едноставно не е можно. Се пропуштаат летови, а нивните имиња воопшто ги нема на во системот. Причината за ваквиот хаос не е позната.

„Ова се појавува кога ќе се обидете да се чекирате“, Twitter просто се „запали“ од илјадниците пораки од незадоволните патници, кои негодуваат поради крахот на системот.

„Ова нема смисла, четири часа стојам во ред и чекам проклетиот систем да проработи. Пропуштив два лета. Ова нема да помине без тужба“, е само еден од низата бесни коментари.

Неофицијално, во прашање е „Баг во софтверскиот систем Altea“, како неофицијално потврди еден службеник во „Гетвик“, за „Daily Telegraph“.