Руската воена техника се произведува за борба, а не за паради и тоа го потврди руската воена интервенција во Сирија, изјави денеска потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин.

„Успешната операција на нашите вооружени сили во Сирија ја покажаа високата издржливост на нашата воена техника, авионите и техниката која се користи директно на бојното поле. Нашата техника не се произведува за паради, нашата теника е опрема која е неопходна за војна“, истакна Рогозија на одбележувањето на годишнината на тулсккото Конструкторско биро за изработка на инструменти „Шипунов“, пренесе Спутник.