Кармен Круз, градоначалничка на најголемиот град во Порторико, упати апел за помош до целиот свет по разорните урагани Ирма и Марија, кои ја погодија нејзината земја.

Додека американскиот претседател Доналд Трамп изјавува дека остваруваат „неверојатни“ резултати, вистинската ситуација на решавање на последиците од ураганите доаѓа токму од Порторико, со зборовите: „Не убивате со својата неспособност, умираме овде – ако не добиеме храна и вода, последиците ќе бидат рамни на геноцид“.
Градоначалничката Кармен Круз од Сан Хуан во Порторико одржа прес-конференција каде во многу емоционален говор прати многу силна порака по низата фрустрации со бирократијата и логистичката поддршка кои ја успорија помошта по разорните урагани од средината на овој месец.

Трамп рече дека ќе даде сѐ од себе за да им помогне на Порториканците да ги решат сите проблеми кои им ги донесоа ураганите Ирма и Марија, иако од Порторико стигнува бесна порака од градоначалничката на Сан Хуан.
„Умираме, а вие не убивате со вашата неспособност“, изјави Круз на конференцијата за новинари. „Ве молам, молам кого кој било може да не чуе, да не спаси од умирање“.

Таа го повика Трамп да назначи некој способен на должноста на спасување животи, додека тој пак тврди дека администрацијата работи се што може да ги поправи штетите и последиците од ураганите.
Бесот е зголемен поради фактот дека законот кој до сега оневозможуваше пловидба е суспендиран дури во четвртокот, и поради тоа помошта не можеше да стигне до Порторико.
Круз рече дека изгубила трпение за американската влада и порача дека ќе успеат бе или со САД, покажувајќи на палета со сандаци со хуманитарна помош.
„Ќе успеме со вас или без вас, затоа што ова што стои зад мене е добродетелство на други луѓе“.
„Луѓето пијат вода од поток. Затоа завршив со пристојноста. Готова сум со политички исправен настап. Лута сум како пес. Затоа ги молам службениците на медиумите, пренесете го повикот за помош по цел свет. Ние овде умираме“.
„А ако не се сопре умирањето, ако не добиеме храна и вода за луѓето, она што ќе следи ќе биде рамно на геноцид“, заклучи Круз.