Колку и да ви се чини дека е добра идејата поранешниот љубовник да го имате за пријател, постојат многу недостатоци на овој однос. Еве кои се.

Пријателството со поранешниот влијае на тоа двајцата да тежат кон тоа да се преболат еден со друг. Разговорот со нив нема да ви дозволи да се оддалечите од старите спомени и ќе го преживувате се одново, секој пат кога ќе се сретните.
Тоа ќе има влијание на вашата нова врска
Вие еднаш за секогаш можеби сте раскрстиле, но како ќе гледа на тоа вашето ново момче? Можеби нема да му се допадне што поранешниот ви е пријател. Ова во секој случај ќе влијае на вшата нова врска, но не на позитивен начин. Проценете ја ситуацијата и одредете ги приоритетите.
Можете и нему да му створите проблемите
Ако вашиот поранешен е во нова врска и нему ќе му створите проблем. Жените генерално се пољубоморни од мажите, па сосема сигурно е дека тој ќе има проблем со неа поради дружењето со вас.
Можноста за физичка интимност
Дружењето со поранешниот секако во голема мерка привикува интимност. Доколку се имале добра врска природно е да постојат емоции меѓу вас, а не е исклучено заборавената страст да се врати. Во моментите на досада многу лесно да доведе до необавезен секс. Од овие причини е важно да бидете на безбедна дистанца со својот поранешен
Можеби ќе ви извега господин Вистински
Другарството со поранешниот може константно да ве држи во минатото. Повеќето жени се занесуваат не сфаќајќи дека ова влијае на нивната иднина. Нема да ја запознаете вистинската личност доколку не се ослободите од минатото. За тоа ви е потребна силна волја и позитивен пристап.