
Цртежот – акт кој неверојатно личи на “Мона Лиза”, сосем случајно можби е дело на самиот Да Винчи, велат стручњаците за агенцијата АФП. Науачнците од Лувр, каде се наоѓа ремек делото на Леонардо “Мона Лиза”, го проучувале цртежот познат по името “Мона Вина” препишан им е на учениците на Леонардо. Огромниот цртеж е од 1862 година, и е дел од колекцијата на ренесансната уметност во Музејот Конде во палатата Шантиј, северно од Париз. Кустосите од Конде веруваат дека, по месец дена тестирање во Лувр, “барем дел од цртежот направил Леонардо”.
-Начинот на кој се изработени лицето и рацете е извонреден. Тоа не е само некоја бледа копија на некое дело. Бараме нешто на што маестрото работел паралелно со “Мона Лиза”, пред крајот на животот – рече кустосот Метју Делдик и додаде дека цртежот е скица за некоја слика во масло.
Положба
Положбата на рацете и телото, смета Делдик, скоро се идентични со оние на “Мона Лиза”, големината на цртежот е речиси со исти димензии како на “Мона Лиза” а дупчињата избушени околу фигурата укажуваат на фактот дека цртежот е копиран на платно.
Тестовите веќе отрија дека не станува збор за копија на некој изгубен оригинал, но е предупредено дека мораме да бидеме разумни за дефинитивното препишување на Леонардо кој починал во Франција во 1519 година.
– “Сенчењето на врвот на цртежот блиску до главата го работело лице деснак. Леонардо цртал со лева. Ова е работа која ќе потрае уште некое време. Ситуацијата ја отежнува фактот што материјалот е посебно кревок”, призна Мотен.
Матен рече дека се надеа дека ќе успее точно да го одреди идентитетот на уметникот во рок од две години, на време за изложбата во Шантиј по повод пет векови од смртта на Да Винчи.
Последните неколку недели преку девет стручњаци го анализираа цртежот со помош на разни скенери и други методи. Прво беа фокусиранаи на датумот, дали настанал пред или по “Мона Лиза”, насликана некаде по 1503 година.
Денес ширум светот постојат околу 20 цртежи и слики на гола “Мона Лиза” но повеќето од нив е многу тешко да се датумираат.