Најмалку пет луѓе се повредени откако непознат маж со автомобил се обидел да влета меѓу луѓе на улица во „Едмонтон“ во Канада.

Полицијата соопшти дека случајот го третира како терористички напад.
Патрола на полицијата запрела автомобил при рутинска контрола, но осомничениот побегнал и со возилото се обидел да удри во пешаци. Потоа се нож нападнал еден полицаец и побегнал. Дел од очевидците тврдат дека во автомобилот имало знаме на ИД. Полицијата покрена антитерористичка истрага.
Ова не е единствениот инцидент во Канада синоќа. Имено, според медиумите се случил уште еден. Возач на изнајмено комбе се овбидел да избега откако полиција го сопрела, откако намерно се обидел да прегази пешаци.
Возачот на комбето е уапсен откако тоа се превртело бегајќи од полициската потера.