
Карл Лагерфелд ја украси салата Гранд Пале со водопад за неговото шоу на ревијата што се одржа на последниот ден од Париската седмица на модата за сезоната пролет/лето 2018. Манекенките беа добро заштитени на подиумот – со проѕирни најлонски чизми над колена, наметки и ракавици.

Карл Лагерфелд понудил традиционални твидски костуми, миниполи од 1960-тите, како и транспарентни здолништа, огромни панталони, фустани со ленти.

Ревијата ја отвори Каја Гербер, 16-годишната ќерка на Синди Крафорд, новата ѕвезда на Париската модна недела. Таа исто така учествуваше и во шоуто на “Ив Сен Лоран” и Валентино. “На модната недела во Париз беа претставени повеќе од 80 модни куќи.

