
Првото видео од Лас Вегас, од гнездото на психопатот снајперист е поставено на интернет мрежата. Тоа покажува во каков неред е собата и последните моменти од живот на убиецот кој се самоуби неколку секунди пред специјалците да упаднат во хотелската соба, пишува весникот „Дејли Меил“.
Стрелец Стивен Паддок ја користи собата на 32-от кат на хотелот Мандалеј Беј како снајперско гнездо, за да отвори оган по посетителите на кантри фестиваол. Психопатот успеа да убие 59 лица и повреди над 500 лица.
На полицијата им требаше 72 минути да го лоцираат Паддок. Дотогаш Паддок престанал да пука, но кога полицијата му се приближиле до неговата соба, тој повторно отвори оганот низ вратата. Но, конечно специјалците влегле во собата, Паддок веќе извршил самоубиство.