Објавени се нови детали за 63-годишната Марилоу Денил, жената која живеела со напаѓачот од Лас Вегас.

Иако полицијата првобитно соопшти дека трага по жена која била со Стивен Педок, кој во неделата уби 59 лица и рани повеќе од 500 со рафален оган од хотелска соба на 32. кат, сега е кажано дека таа повеќе “не е лице од интерес”.
Полицијата наишла на нејзиното име бидејќи Педок се пријавил во хотелот користејќи ги нејзините податоци. Сега е откриено дека таа за време на нападот била на Филипините. Данил има австралиско државјанство, но по потекло од Филипините, каде престојува во посета на роднини.

Полицијата сепак и натаму се обидува да стапи во контакт со неа, за да дознае нешто повеќе за мотивите на убиецот. Двајцата живееле заедно во куќа во Мескит. Братот на Стивен Педок вели дека тие биле во врска и дека ја видел неколку пати.
“Можеби се венчале, не знам, но мислам дека таа е само негова девојка”, вели Ерик Педок.
Соседите на Педок велат дека тие често заминувале од куќата и оделе во казина. Денил на соседите им рекла дека Педок е професионален коцкар.
Сосетката Дајен Мекеј вели дека не ги гледала често и дека Денил не бил многу зборлива за својот живот, и дека Педок бил агресивен и не бил пријателски настроен. И други соседи велат дека биле прилично затворени.
Денил била омажена пред врската со Педок и имала деца и внуци. Една нејзина пријателка од Австралија рекла дека таа била многу весела и полна со живот.
“Никогаш не би помислила дека таа може да биде вмешана во нешто вакво”, рекла таа за локалните медиуми.
