Нови откритија во истрагата за подморницата: Ким Вал била неколкупати избодена

од desk2
65 прегледи

Полицијата во Данска сè уште не е сигурна за причината за смртта на новинарката Ким Вал, која загина на подморницата на пронаоѓачот Петер Мадсен.

Иако, истрагата покажа дека таа неколкупати била прободена, сепак не се знае точната причина за смртта, вели специјалниот обвинител Јакоб Буш-Јепсен, за време на сослушувањето во градскиот суд во Копенхаген, каде судот му го продолжи притворот на Медсен до 31 октомври.

Тој е обвинет дека ја убил Ким Вал, и дека несоодветно се однесувал со телото.

Откако торзото на новинарката беше најдено на брегот во близина на Копенхаген, форензиката покажа дека главата и екстремитетите и биле намерно отсечени.

46-годишниот аматер сопственик на подморницата и градител на ракети ги негира двете обвиненија.

Обвинителот пред судот рече дека повеќе убодни рани биле пронајдени во пределот на градите и стомакот. Според извештајот на агенцијата Ritzau’s 14 убоди имала во стомакот.

Според истрагата раните се нанесени околу времето на смртта и кусо по смртта.

Рацете, нозете и главата се отстранети од телото со пила.

Според обвинителот, во истрагата е пронајден хард-диск, кој веројатно припаѓа на Медсен, на кој има видеа од егзекуции на жени со бесење и палење.

Според обвинителството видеата веројатно прикажуваат реални убиства.

Обвинетиот за време на сослушувањето рекол дека и други луѓе имале пристап до хард дискот на кој се најдени видеата/

Неговата адвокатка тврди дека тој не е виновен и треба да биде пуштен а слобода.

На претходното сослушување Медсен рече дека новинарката случајно починала откако врз неа паднала тешка врата од подморницата.

Слободната новинарка Вал исчезна откако беше на интервју со пронаоѓачот на неговата рачно изработена подморница долга 18 метри во близина на Копенхаген. Подоцна подморницата потона, а Медсен се спаси со помошните чамци. Тврдеше дека ја оставил новинарката на еден остров во близина на Копенхаген, за подоцна да го смени исказот.

Од тогаш тој е во притвор.