Нова студија покажа неочекувани корисни својства на црниот чај

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Црниот чај може да помага при слабеење, бидејќи го забрзува метаболизмот, но само ако се консумира без омилена состојка на Британците – млекото, пишува англиското издание Дејли Меил (Daily Mail).

Се верува дека поголемите молекули се апсорбираат помалку во цревата и тоа го поттикнува растот на бактерии кои ја олеснуваат загубата на тежина. Досега беше откриено само дека црниот чај ги опушта крвните садови, односно ја подобрува циркулацијата.

Новата студија покажа дека и црниот и зелениот чај, се чини, се од корист за губење на тежината со намалување на нивото на цревните бактерии поврзани со дебелината, и зголемувањето на оние поврзани со слаба телесна маса. Но, само црниот чај го стимулира метаболизмот. 

Познато беше дека полифенолите од зелениот чај се поефикасни и покорисни за здравјето, бидејќи се апсорбираат во крвта и ткивата подобро од полифенолите на црниот чај.

Резултатите покажуваат дека благодарение на посебен механизам во микробиомот на црниот чај, исто така придонесува за доброто здравје и слабеењето, рече шефот на тимот од научници кој го направил истражување проф. Сузан Хенинг.

Истражувањето е направено врз глувци, поделени во четири групи, подложени на различни диети – со малку масти, многу масти, многу јаглехидрати, многу јаглехидрати и екстракт од зелен чај и многу масти, јаглени хидрати и екстракт од црн чај.

Глувците кои добивале екстракт од чај, ослабеле колку и оние на диета со малку масти. Сепак, црниот чај имал само подобрен метаболизам.