Ѓешкоска за барањето за повторно судење за „Монструм“: Немам намера да коментирам постапување на мои колеги!

од Vladimir Zorba
88 прегледи

„Немам намера да го коментирам постапувањето на мојата колешка. Никогаш не сум коментирала работа на мои колеги, така што и сега нема да го коментирам постапувањето на колешката за предмет за кој велите дека е мој“, вели Јавната обвинителката Гордана Ѓешкоска, а по вчера одражаната Јавна седница на Врховниот суд на која се расправаше за случајот „Монструм“ и на која Јавната обвинителка Лилјана Спасовска даде согласност да се прифатат жалбите на осудените и на нивните бранители, односно предметот да се врати на судење од почеток, пренесува Судство.мк.

Иако Врховниот суд сѐ уште нема донесено одлука за укинување на двете веќе донесени пресуди, но повеќе од извесно е дека судењето ќе почне од почеток, но отворено останува прашањето за притворот, бидејќи доколку пресудите се укинат тогаш осудените треба да бидат ослободени и на повторената постапка да се бранат од слобода.

„За мене е битно дека врз основа на доказите кои беа презентирани беше донесена пресуда која беше потврдена и од повисокиот суд. И кога Апелациониот суд во Скопје го разгледуваше случајот ’Монструм’ имаше друг Јавен обвинител, но јас и тогаш ништо не коментирав. За мене е битно тоа што пресудата беше потврдена“, вели во изјава за СУДСТВО.МК, Јавната обвинителка Гордана Ѓешкоска.

Нападите кои се сега насочени кон обвинителката Ѓешкоска, главно, се однесуваат на лицата кои се обвинетит и осудени за маскрот кој се случи на 12. април 2012. година кај Силковското езеро, но и на недокажаниот мотив за сторување на делото, како и нејзиното инсистирање на продолжување на мерката притвор.

Обвинителката Ѓешкоска уште во почетокот на својот завршен збор рече дека „ќе биде кратка како што биле кратки животите на загинатите млади луѓе“, а потоа рече: „Пукаме на Велики Четврток, за да ви биде крвав Велигденот…..За да ви ја уништиме верата. Пукаме во млади машки момчиња, за да ви ја уништиме нацијата. За да ви ја уништиме иднината на државата. А што е тоа ако не влевање несигурност, страв кај граѓаните?! Да, навистина Велигден во 2012 година беше крвав,“ рече обвинителката Гордана Ѓешкоска во својот завршен збор и од судечкиот совет со кој претседаваше судијата Ивица Стефановски побара максимална казна затвор за обвинетите.

Судењето за маскакрот кај Смилковски езеро започна на 20. декември 2012 година и од тој ден, до изрекувањето на пресудата, беа одржани 46 рочишта, а беа рааспрашани 30 сведоци и 10 вешти лица.

На 30. јуни 2013 година, скопскиот Кривичен суд за дела тероризам и за помогање во тероризам на доживотен затвор ги осуди обвинетите: Алил Демири, браќата Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута, а поради недостаток на докази Сејди Рами беше ослободен од виновност.

„Независно од тоа каква одлука ќе донесе Врховниот суд, останува констатацијата дека обвинетите беа повеќе од три години во притвор и уште две години во затвор“, вели нашиот соговорник кој инсистираше да остане анонимен и кој инсистира на потсетување на долготрајниот притвор за слуачите „Пајажина“ и „Изгрев“, односно на предмети во кои, исто така, постапуваше обвинителката Ѓешкоска.

После сѐ, на „контото“ на Ѓешкоска сега се става и контроверзната прес-конференција, одржана во јули 2013. година, на која таа говореше за финилаизираната истрага за смертта на новинарот Никола Младенов. На оваа прес-конференциха освен Ѓешкоска беа присутни и екс-обвинителот Марко Зврлевски, тогашниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, истражниот судија Душан Јосфивов и министерката Гордана Јанкулоска.