(ВИДЕО) Тепачка во парламентот на Украина, Надја Савченко и Турчинов се степаа поради Донбас

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Пратениците од Врховната Рада на Украина се степаа за време на расправата на предлог-законот за реинтеграција на Донбас. Фракцијата Взаемна помош и некои пратеници го блокираа претседателството на Парламентот, додека други се обидуваа да ги спречат по што настана тепачка.

Во хаосот пратеничката Надеж Савченко му го повлече микрофонот на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Александар Турчинов и при тоа го скрши.

Тој рече дека колапсот на состанокот бил поради провокациите на руските агенти, како неа. Портпаролот на Врховната Рада на Украина Андреј Парубиј ја затворија пленарната седница на која требаше да биде разгледан предлог законот број 7163 насловен

За особеностите на државната политика и воспоставувањето на државниот суверенитет на Украина над привремено окупираните територии во Доњецка и Луганска област.