Две од фирмите кои, според МВР, на незаконски начин добиле земјиште под закупа, а потоа и субвенции, за што во моментот е отворена истрага, се турски а биле регистрирани во Дојран.

Според информациите на „Фокус“, добиени од Централен регистар, двете фирми „Агро Лезет“ и „Норм Агро“ се на ист сопственик и тоа Ахмет Терџан кој живее во Истанбул. Во Македонија и двете фирми се регистрирани на ист ден, 14 јуни 2012 година, а и седиштето им е на иста адреса и тоа Јане Сандански бр.26 Нов Дорјан.
Заедничко за двете фирми е и тоа што имаат исти управител и тоа Нури Шен, исто така турски државјанин, а против кого е поднесена кривична пријава. Но во компанијата „Норм Агро“ е заведен уште еден управител, Хурсан Левент Доганај, исто така опфатен во истрагата.
Како основна дејност на компаниите е одгледување на јагодесто, јаткасто и друго овошје.