Повреден возачот на камионот што се преврте кај Валандовско Брдо,

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Камион со струмички регистарски таблици утрово се преврте на Валандовско брдо при што со телесни повреди се здобил возачот.

Од СВР Струмица информираат дека сообраќајката се случила во 6 часот и 45 минути на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувало товарно патничко возило марка „мерцедес“ со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не се пожалил на повреди и не побарал лекарска помош.

Увид на местото на несреќата вршат екипи на СВР Струмица и надлежни институции за да се утврди причината која довела до незгодата.