Бочварски вети изградба на спортско рекреативен центар во Суитлак

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски на денешената прес-конференција истакна дека како нова локална власт нема да дозволи паркот Суитлак, како бели дробови на градот да прерасне во станбена зона.

– Ние овде имаме план да изградиме Спортско рекреативен центар за штипјани и за нашиот град. Овде ветуваме дека ќе изградиме голем Аква парк, во чиј состав предвидуваме да има затворен и отворен базен, кои што ќе бидат место за рекреација на штипјани, потоа ќе има и сала за боречки спортови. Овде предвидуваме пешачки и велосипедски патеки и многу зелени површини, вели Бочварски.

Тој побара поддршка од граѓаните на Општина Штип за реалзиација на овој голем проект.