Околу 23 работници од фабрика во Штип во петок попладне биле пренесени во болницата во градот откако кај нив се појавиле тегоби по ручекот во фабриката и знаци на труење.

Сите по укажаната помош биле испратени на домашно лекување, додека еден работник бил задржан за понатамошна опсервација.