Кој има најголема корист од национализмот, виталните национални интереси и националниот идентитет

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Познатиот израелски историчар Јувал Харари во неговиот текст во „Њу Стејтсмен“ констатира дека човечките суштества се општествени животни. кои со милиони години живееле во мали интимни заедници, кои броеле не повеќе од неколку десетици луѓе.

Денес како што покажува еволутивниот биолог Робин Данбар, за многу луѓе невозможно е да запознаат повеќе од 150 поединци без оглед на тоа колку „пријатели” имаат на Фејсбук.

 

Луѓето лесно развиваат лојалност кон мали, интимни групи како племиња, компаниите во кои работат или во семејниот бизнис, но тешко е да бидат лојални на милиони странци.

Таква масовна лојалност се појавила во изминатите неколку илјади години како средство за решавање на практични проблеми кои ниту едно племе не можело да ги реши само од себе.

Древниот Египет е создаден да им помогне на луѓето да стекнат контрола над реката Нил, а древната Кина се развила за да помогне на луѓето да ја скротат турбулентната Жолта река.

Нациите решиле некои проблеми и создале нови. Конкретно, големите нации довеле до големи војни. Сепак, луѓето биле подготвени да ја платат цената во крв, бидејќи тие им пружале безбедност и просперитет. Во 19-от и на почетокот на 20-от век, националистичката понуда и понатаму изгледала многу атрактивна.

Национализмот довел до страшни судири, но модерните нации изградиле системи за здравствена заштита, образование и благосостојба, наведува Харари.

Од 1883 година во Германија, Бизмарк вовел законско здравствено осигурување, потоа осигурување од незгоди и на крај пензиско осигурување.

– Мојата мисла беше да ја освојам работничката класа или треба да кажам да ја подмитам, со цел тие да ја сфатат државата како општествена институција која би постоела за нивно добро и која би се грижела за нивната благосостојба, изјавил Бизмарк.

Што ни зборува тоа од денешна перспектива на овие простори, 20 години по војните во поранешна Југославија? Тоа недвосмислено зборува дека е јасно зошто најголемите и најжестоките поборници за националниот идентитет и заштитниците на „виталните национални интереси” се издржувани лица, т.е. буџетски корисници.

Со други зборови пензионерите, наставниците, државните административци, новинарите, советниците, полицајците, војниците, воените инвалиди, бранителите… најмногу корист имаат од самиот концепт на нацијата.

Дали воопшто е потребно да се наведува кои се губитниците?