Во текот на следната недела треба да се знае што била причината за труење кај 21 работник од штипската фабрика Актива. Санитарната инспекција уште вчера зела мостри од фабричката менза, но и од местото каде се подготвува храната, што Актива ја добива од фирма специјализирана за тоа.

Претпоставка е дека причина за труењето е месото што работниците завчера го добиле за ручек, но од менаџментот на компанијата велат дека ќе ги почекаат резултатите од испитувањата на санитарната инспекција. Дваесетмината работници со повраќање и дијареа беа примени во штипската Клиничката болница, но откако им била препишана соодветна терапија се пуштени на домашно лекување, а дел веќе се вратиле и на работа./24 Vesti