Искршен штабот на Обединети за Македонија во Драчево

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Партискиот штаб на Обединети за Македонија во населбата Драчево рано утринава е искршен, соопштија попладнево од партијата.

„Им порачуваме на политичките криминални опоненти дека вандализмот нема да ја смени изборната слика во Драчево и Македонија. Во Македонија дојде животот и слободата на централно ниво и истото ќе се случи на локално, без разлика на користењето на нечисти методи од страна на опозицијата“, стои во соопштението на Обединети за Македонија.

Од партијата апелираа надлежните органи да го расчистат овој настан и сторителите да бидат најстрого казнети.