Мерко: Администраторот кој избега сега повторно се обидува да дојде како градоначалник

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Квалитетно образование, урбанизам и подобра инфраструктура, економски развој, подобро здравство и социјална заштита, култура, спорт, туризам, животна средина, најави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Струга од ДУИ Рамиз Мерко.

Мерко нагласи дека предизборната програма е изготвена врз основа на предлозите на граѓаните, а меѓу приоритетите е и дијаспората.

– Администраторот кој избега и се обидува повторно да дојде како градоначалник, не направи ништо за четири години, оцени Мерко и побара поддршка на неговата кандидатура.

Информира дека текот на партиската кампања се одвива успешно, а денеска во Струга ќе дојде претседателот на ДУИ Али Ахмети.