Алијансата за Албанците одржа изборна средба со граѓаните на Кичево. Претседателот на оваа партија, Зијад Села уште еднаш ја истакна потребата за поддршка на кандидатот на ДУИ за овој град за да се обедини албанскиот глас. Меѓу другото Села додаде дека прашање е кога на политичката маса треба да се стави прашањето на децентрализацијата, распределбата на буџетските средства на локално ниво и управувањето со природните ресурси на териториите каде воглавно живеат Албанци. Села ја повика и дијаспората да учествува во гласањето.
“Сега во пресрет на локалните избори на 15-ти октомври, ние ќе треба заедно да ја истакнаме огромната вистина. Многу поранешни и актуелни кандидати зборуваат за успесите и достигнувањата на нивната локална власт, но треба да кажеме огромна вистина. Успесите на кандидатите и градоначалниците на албанските општини, ќе беа многу поголеми. Големата вистина е дека ДУИ не успеа со децентрализацијата како процес и нормално дека гласот за Алијансата за Албанците не е едноставно глас за прашања на технички и владини инвестиции во инфраструктурата.“ – изјави Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците