Кандидатот на ДУИ за општина Чаир, Висар Ганиу, го промовираше проектот за реконструкција на спортската сала “Партизан” и стадионот на фудбалскиот клуб “Шкупи”. Тие заедно би сочинувале мултифункционален комплекс за сите видови на спортови во земјава . Меѓу другото, Ганиу вети и изградба на спортски сали во четири основни училишта кои ќе може да ги користат и граѓаните и спортските клубови.
“Во оваа спортска сала имаме планирано реконструкција. Ќе направиме подземен паркинг, исто така, ќе има дополнителни анекси каде оваа сала покрај спортот, колективните спортови и индивидуалните спортови ќе има дополнителни анекси кои ќе бидат за индивидуални спортови и оние кои се специфични за различни спортски области. Во оваа инвестиција ние најавивме дека заедно со стадионот на Шкупи, кој е на границата, исто така, ќе направиме и нова трибина за стадионот на Шкупи.“ – изјави Висар Ганиу кандидат за Чаир