ДПА во Гостивар ветува инвестиции во инфраструктурата и заштита на животната средина

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Ситуацијата на Албанците се влошува секојдневно поради тоталното занемарување на локална и централната власт за средување на работите, рече лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, на денешниот митинг во Гостивар.

Во својот говор тој истакна дека е почестен со кандидатурите од овој град и нагласи дека националниот отпор треба да продолжи, додавајќи дека ДПА е единствената опозициска албанска партија во земјата.

Пред присутните на собирот свои обраќање имаа и Вилдан Мемеди, носител на листа за советници од ДПА и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Себајдин Изаири

Изаири презентирајќи ја изборната програма на ДПА истакна дека неговите приоритети ќе бидат инвестициите во развојот, инфраструктурата и заштитата на животната средина во општина Гостивар.